Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

Од:

Полицијата во Стара Пазова, во Србија одреди задржување на дваесет и деветгодишен маж кој управуваше нерегистриран мопед во центарот на градот, без возачка дозвола за која било категорија на моторно возило, при што беше позитивен на канабис и имаше 2,93 промили алкохол во крвта, соопшти денеска Полициската управа во Сремска Митровица.

При контролата, полицијата во неговиот паричник пронајде и одзеде растителна материја за која постои сомневање дека е марихуана, што ќе биде предмет на вештачење.

Тој се товари за прекршок „насилничко управување со возило“, а против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава до Прекршочниот суд во Стара Пазова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен и таткото на 17-годишникот кој пукаше во училиште во Крагуевац

ВИДЕО: Матуранот кој пукаше во училиштето во Крагуевац ја зел пушката од татко му, пред пукањето објавил фотографија со оружјето

ВИДЕО: Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени

Катерина Ѓуровски

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски