Казна доби возачот кој вчера во 16:00 часот, на автопатот Скопје – Свети Николе, на околу 3 километри пред НС Преод беше сопрен од полицијата, а претходно со радар е измерено дека се движи со брзина од 203 километри на час со патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
„Возилото се движело надвор од населено место, каде максимално дозволената брзина е 130 километри на час. Против возачот се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ соопштија од МВР.
