Доби смртна казна за убиство од пред 26 години – украл кутија цигари и 114 долари

Од:

Џамал ​​Хауард (46) синоќа беше погубен во Тексас. Ова е прво погубување во САД по неуспешниот обид за погубување на Криста Пајк минатата недела.

На Хауард му беше вбризгана смртоносна доза пентобарбитал во државниот затвор во Хантсвил, а неговата смрт беше констатирана во 20:03 часот по локално време, пренесува Би-Би-Си.

Адвокатите на Хауард побараа од судовите да го одложат извршувањето на смртната казна, повикувајќи се на случајот со Криста Пајк. Тие тврдеа дека Хауард се соочува со истите ризици бидејќи Тексас планираше да употреби пентобарбитал – истиот лек што беше користен за време на неуспешниот обид за нејзино погубување.

Тие исто така наведоа дека залихите на овој лек во Тексас се неисправни, што беше еден од аргументите претходно изнесени од адвокатите на Криста Пајк.

Судовите двапати ги отфрлија нивните жалби, а доцна во средата, и Врховниот суд на САД го отфрли барањето.

Одбраната исто така побара од гувернерот на Тексас, републиканецот Грег Абот, да го одложи погубувањето за 30 дена за да можат да добијат повеќе информации за лекот што се користи за извршување на смртната казна. Гувернерот не го одобри тоа барање.

Хауард беше осуден на смрт за убиство извршено во 2000 година. Тогаш, како 20-годишник, за време на грабеж на продавница во Тексас, тој пукал и ја убил 42-годишната продавачка Вики Свартхаут.

Тој украл кутија цигари и 114 долари од касата.

Кога го прашаа дали сака да даде последна изјава, Хауард се обрати до семејството на жртвата, кое го следеше погубувањето од делот за сведоци.

„Сакам да го прифатите моето извинување и барам прошка од вас“, рече тој.

„Жал ми е за она што се случи. Се надевам дека еден ден ќе можете да ми простите“ рече Хауард.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неуспешно погубување на осуденичка на смрт, преживеа две инјекции

Катерина Ѓуровски

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Бита Хемати може да биде првата жена обесена за јануарските демонстрации во Иран

А1он

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Помина 30 години во затвор – прва жена по 200 години ќе биде погубена во државата Тенеси

А1он

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он