Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

Од:

МВР информира дека синоќа околу 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шест малолетници од Скопје.

Тие се сомничат дека со закана, при што едниот од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, а од друг малолетник се обиделе да одземат пари.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“ по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

Го запре возилото поради дефект, па во него удри автомобил на автопатот Скопје – Куманово

А1он

Уапсена e 24 годишна жена од Крива Паланка – го нападна сопругот со нож

А1он

Со фалс платен налог измами тетовец за 13.500 евра – кривична за скопјанец

А1он

Син нападна мајка во Гевгелија, а ќерки ги натепаа мајките во Скопје и Кочани

А1он

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он