Поминаа 19 години од последниот концерт на Тоше Проески

Од:

На денешен ден, пред 19 години, својот последниот концерт го одржа македонската и балканска поп-легенда, Тоше Проески кој само единаесет дена подоцна го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска.

Концертот остана запаметен како едно од последните големи обраќања на легендарната поп-ѕвезда кон својата публика.

Со својот препознатлив глас, енергија и искрен однос кон луѓето, Проески уште еднаш покажа зошто беше толку сакан во Македонија и регионот.

На 16 октомври 2007 година, Македонија ја потресе веста за неговата прерана смрт, на само 26 години.

Неговото заминување остави празнина која времето не ја потполни. И денес, неговите песни се слушаат, неговиот глас одекнува меѓу луѓето, а споменот за човекот кој често велеше „Ве сакам сите“ продолжува да живее.

Петти октомври остана запаметен како датумот на еден неповторлив концерт полн со љубов, додека пак, шеснаесетти, денот кога една музичка ѕвезда прерано отиде во вечноста.

Би можело да ве интересира

Најголемите хитови на Тоше Проески објавени на двојно винилно издание

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

Лиам Галагер најави враќање на европските сцени во 2026 година

Традиционалниот предновогодишен концерт на Павле Камилоски првпат во Битола – со генерална поддршка од Астра Казино

Концерт „Wandering Echoes“ на Младинскиот хор од Солун

Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески