Во катастрофалните поплави што ја погодија општина Madrigueras во шпанската покраина Albacete, загина 100-годишна жена, а надојдената вода носеше сè пред себе и предизвика огромна материјална штета, објавија шпанските медиуми.
Несреќната стогодишна жена се наоѓаше во својот семеен дом во моментот кога водата навлезе во куќата, но не успеа да се засолни на безбедно место, потврдија регионалните власти на Castilla-La Mancha.
Поплавата започна во петокот околу 18:15 часот, кога врз подрачјето на општината се истури огромна количина дожд, кој без прекин паѓаше речиси два часа. Според првичните мерења, во тој краток период наврнаа повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар.
La situación en Madrigueras (Albacete) es preocupante.
Según el 112 de CLM había activado un aviso amarillo.
Tampoco sabemos nada mas por fuentes oficiales porque las cuentas oficiales y @112clm siguen en silencio. https://t.co/WKI4cr6Uli pic.twitter.com/nlJapEhJEY
— NoMePisesLaManguera (@PlinioElGuapo) October 2, 2026
Состојбата нагло се влоши кога надојдените води почнаа да се слеваат во населеното место од блиските кањони и околните ридови. Улиците на Madrigueras целосно поплавија, а на социјалните мрежи набрзо се појавија снимки од калливите порои кои ги голтаат сообраќајниците и навлегуваат во куќите.
Регионалната влада веднаш го активираше првиот степен на тревога од посебниот план за заштита од поплави (Meteocam), а интервентните служби, пожарникарите и спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, им помагаа на жителите и ги расчистуваа наносите.
За настанот на социјалната мрежа X се огласи и шпанскиот премиер Pedro Sánchez, кој изрази сочувство до семејството на починатата жена и порача дека обилните дождови предизвикале сериозна штета во повеќе делови од земјата. Тој ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни и да ги следат упатствата на итните служби.
