Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

Од:

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека доцна попладнево од Јавното обвинителство е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, кој веќе се наоѓа во притвор во предметот.

За предлогот на Обвинителството и евентуалните нови мерки за обезбедување присуство на Јованов, Судот најави дека ќе се произнесе во текот на утрешниот ден.

– Доцна попладнево до Судот од Обвинителството е доставен предлог за определување нови мерки за обезбедување присуство против Дејан Јованов, кој веќе е во притвор за предметот поврзан со пожарот во Кочани. По истиот ќе се постапува во текот на утрешниот ден, за што ќе бидете дополнително известени – соопштија од Кривичниот суд.

На Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“, притворот му истекува на 3 октомври, согласно законскиот максимум од една година од оценката на обвинението.

Одбраната на Јованов уште во средината на септември најави дека ќе понуди гаранција во имот за определување мерки на претпазливост, имајќи предвид дека едногодишниот притвор истекува по сила на закон. Адвокатката Ивана Коцевска тогаш изјави дека одбраната ќе поднесе предлог за гаранција со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на судската постапка.

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, е во тек и се наоѓа во доказна постапка.

Би можело да ве интересира

Дејан Јованов е неопходно да биде во притвор за истрагата за „давање поткуп“, сметаат од ОЈО

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

Судење за „Пулс“: Нашите деца не се спореден детал во овој процес – не дозволувајте споредното да ја засени одговорноста за смртта

А1он

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври: Не негираме вина, негираме умисла, вели одбраната

Катерина Ѓуровски