Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи за американската телевизија Ен-би-си (NBC) изјави дека Иран е подготвен на „војна до судниот ден“ со САД.
– Решително ќе се спротивставиме на секоја агресија, па и ако дојде до војна до судниот ден. Во исто време сме подготвени и за дипломатија – посочи Арагчи.
Тој се осврна и на иранскиот предлог за седумдневно примирје, оценувајќи го како „многу разумен план, кој е на маса“.
– Мораме да кажеме дека не слушнавме како претседателот Трамп го одбива овој договор, но сè уште чекаме официјален одговор преку посредниците – потенцира Арагчи.
Според предлогот за прекин на огнот, САД треба да одмрзне околу 12 милијарди долари ирански имот, да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и да ги укинат санкциите, а Иран за возврат повторно да ја отвори Ормутскиот теснец.
