Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Од:

Мистеријата со човечките останки пронајдени меѓу отпадот во Загреб доби нов, особено потресен пресврт за регионалната ММА сцена.

Имено, во боречките кругови и на социјалните мрежи се појавија информации дека пронајдените посмртни останки му припаѓаат на поранешниот ФНЦ борец Абрахам Салимон Аре, познат под прекарот Аби.

Сепак, идентитетот на пронајденото лице засега не е официјално потврден. Загрепската полиција соопшти дека на 22 септември околу 14:30 часот, во областа Пешченица, во кругот на една компанија, е пронајдено тело на засега непознато лице. Полицијата ги утврдува сите околности на настанот.

Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, при пребарувањето на поголема количина отпад најпрво е пронајден горниот дел од човечкиот скелет, додека следниот ден е пронајден и долниот дел.

Пронајдените останки се пренесени во Заводот за судска медицина и криминалистика, каде треба официјално да се утврди кому му припаѓаат, како и времето и причината за смртта. Исто така, ќе се утврди дали постојат елементи на кривично дело.

Додека се чекаат официјалните резултати од идентификацијата, на социјалните мрежи почна да кружи информација дека пронајдените останки му припаѓаат на Абрахам Салимон Аре, познат на регионалната ММА публика како Аби.

Познатиот хрватски подкастер, аналитичар, инфлуенсер и поранешен тренер Горан Бабиќ Хамби потврди дека станува збор токму за Аби, кој во последните години им се оддал на пороците и западнал во коцкарски долгови.

„Вистина е, луѓе, добив потврда. За жал, ова беше очекувано бидејќи навистина не му беше добро“, напиша Бабиќ на социјалните мрежи.

Абрахам Салимон Аре беше хрватски ММА борец со нигериско потекло и член на загрепскиот American Top Team. На регионалната публика ѝ се претстави преку настапите во ФНЦ и Армагедон, проект кој собра голем број млади борци од регионот.

Еден од неговите позабележителни настапи беше против српскиот борец Милош Цветковиќ. Двајцата се сретнаа на Армагедон во 2020 година, а Цветковиќ славеше со технички нокаут во првата рунда.

Аре потоа продолжи да настапува под покровителство на ФНЦ. Забележа победа против Давуд Мухиќ, кого го совлада со гушење во првата рунда, додека на приредбата ФНЦ 8 беше поразен од Тевфик Шехиќ со зафат на петата.

На Армагедон 4, одржан во 2023 година, Аре ги одмери силите со Давид Травничек, а тој меч заврши со прекин во втората рунда во корист на неговиот противник.

Според достапните податоци за неговата професионална кариера, Аре имаше скор од една победа и три порази, додека последната евидентирана професионална победа ја оствари во април 2024 година, кога со технички нокаут го совлада Ресеп Ѓултекин.

Повеќе информации за идентитетот на пронајденото лице треба да бидат познати откако ќе завршат официјалните процедури за идентификација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Студенти од Србија нападнати во Вишеград: Непожелни се во Република Српска

ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Вучиќ со Лавров во Њујорк: „До крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Русија“

Цвијановиќ по средбата со Сузи Вајлс: „Пред нас дефинитивно е подобро време“