ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Од:

Снимка од краткиот разговор на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, неговата сопруга Уша и Иванка Трамп во Белата куќа привлече внимание откако читачка на усни објави своја анализа. Никол Хиклинг тврди дека успеала да открие за што разговарале за време на државната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Анализа на нивниот разговор во Белата куќа

Хиклинг ја анализира снимката на која Венс стои со сопругата Уша и ќерката на претседателот Доналд Трамп додека го пречекуваат кинескиот претседател. Според нејзината анализа, потпретседателот покажал особена возбуда поради настанот.

Читачката на усни тврди дека Венс најпрво се свртел кон сопругата и ѝ рекол: „Толку сум возбуден“. Таа му одговорила: „Се однесуваш како дете кое ја пронашло омилената играчка“, на што тој наводно одговорил: „Јеее“.

Најмногу внимание привлекол неговиот разговор со Иванка Трамп. Хиклинг наведува дека Венс коментирал оти Трамп ужива во својот момент.

„Ова е неговиот момент. Толку сум горд на сè што постигна. Зарем не е лудо?“, наводно кажал Венс.

Се чини дека Иванка потоа се обидела да го запре. Според Хиклинг, таа му одговорила: „Ајде, немој тоа да го кажуваш. Пушти го да блесне“. Потоа кажала: „Сега се извлековме. Навистина е смешно.“

Си пристигна во тридневна државна посета

Разговорот се одвивал за време на тридневната државна посета на кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан на САД.

Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп беа меѓу присутните на свечениот пречек и воената смотра во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Рим категорично ја демантираше изјавата на Зеленски: „Тоа не е вистина“

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ