ММА бара одговори, четири недели молк од АВМУ за „Арена М“

Од:

„Моја лична препорака до господинот Трајчевски е во најкус можен рок да даде оставка, затоа што наредната недела ММА планира да појде до јавното обвинителство, да видиме дали има елементи, се надевам дека ќе им биде јасно дека има елементи за злоупотреба на службената позиција“, изјави Иван Мирчевски, директор на ТВ Канал 5.

Последен доказ дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посочуваат огласот за вработување на хигиеничарка, во која јасно се гледа дека фирмата е регистрирана во Скопје. Од ММА веќе реагираа и до ЕК и до ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе.

„Ова, со еден збор се нарекува – ТВ пиратерија. Компанијата е регистрирана во Македонија, врши вработувањата за потребите на тој телевизиски канал, сега имаат и оглас на нивниот официјален имејл и не ми е јасно како се невидливи за регулаторот. Од друга страна тие истовремено се шетаат по јавните институции, по владите, колеги кои се псевдоновинари, кои не припаѓаат на редакција, работат за некаква Еуроњуз редакција која сè уште не е во правниот промет. Така, регулаторот кој треба да го регулира медиумскиот пазар, дебело го дерегулира, а тоа подразбира и кривичен поднесок до јавното обвинителство“, вели Мирчевски.

ТВ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот Зоран Трајчевски, но тој во порака ни одговори дека не може да даде изјава поради службено патување во Брисел. Тој нè упати да се обратиме во АВМУ, но ниту од таму нема одговор на прашањето врз основа на кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде е тој регистран, со оглед дека не е заведен ниту во српскиот регулатор РЕМ.
Од агенцијата само повторија дека сите одговори ги дале во претходните соопштија.

Би можело да ве интересира

Отворена истрага за насилство врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“

Предраг Петровиќ

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај