(ВИДЕО) Сакаше да излезе од паркинг, па удри во шест автомобили

Од:

Невообичаен инцидент се случи во полскиот град Закличин, кога 78-годишна жена се обиде да излезе од паркинг во близина на централниот плоштад.

Сепак, за време на маневарот, автомобилот удри во метален столб. Потоа, таа одеднаш почнала да вози наназад и притоа оштети неколку паркирани возила.

Полицијата набрзо пристигна на местото на настанот и започна истрага за да утврди што точно се случи, пренесува „Polsat News“.

Портпаролката на полицијата, Јоана Дихтон, наведува дека надлежните преземаат мерки за прецизно утврдување на текот на настаните и сите околности поврзани со инцидентот.

Полицијата, меѓу другото, се обидува да утврди зошто автомобилот, по ударот во металниот столб, почна да се движи наназад, оштетувајќи дури шест возила.

Видео снимката набрзо го привлече вниманието на јавноста и медиумите. Таа се прошири на социјалните мрежи и предизвика интерес поради необичниот редослед на настани при едно навидум едноставно излегување од паркинг.

Би можело да ве интересира

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Разбиена огромна криминална мрежа со центри во Украина

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска

Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Горан Наумовски