Еден повреден при пад на воен авион во близина на американската воздухопловна база Шпангдалем во западна Германија. Причината за несреќата сè уште не се официјално потврдена.
Неофицијално се наведува дека станува збор за авион Ф-16.
Несреќата се случи во областа Ајфел, во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц.
Локалните власти соопштија дека засега не можат да дадат повеќе информации за околностите и текот на настанот.
Ниту американските воздухопловни сили сè уште не објавија дополнителни детали.
Во базата Шпангдалем е стационирана ескадрила со околу 20 борбени авиони Ф-16, која учествува во операциите на американските воздухопловни сили и на НАТО низ светот.
Во Шпангдалем работат околу 5.000 воени и цивилни лица, заедно со нивните семејства. Во базата се вработени и меѓу 700 и 800 германски државјани.
