Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Од:

Тешко повреден 35-годишен маж од Штип бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а случајот во полиција бил пријавен вчера во 10 часот.

Според МВР, таткото на повредениот пријавил дека на 16 септември од јавна здравствена установа во гевгелиско, каде што неговиот син се лекувал, бил известен дека тој паднал од кревет и се повредил.

Од друга страна, повредениот пријавил дека додека бил во установата бил физички нападнат од болничар.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски