(ВИДЕО) Загина руски генерал кој пред 20 дена доби титула „Херој на Русија“

Од:

Руски генерал загина во војната во Украина, дваесетина дена откако ја доби титулата „Херој на Русија“, објавија руски воени блогери и чеченскиот генерал Апти Алаудинов на Телеграм.

Офицерот, генерал-мајор Антон Гринус, командант на 4-тата гардиска моторизирана стрелачка бригада, на почетокот на јули го извести рускиот претседател Владимир Путин дека е заземен источноукраинскиот град Костјантинивка.

„Човек со летонско презиме, но роден во Казан, се бори брилијантно“, рече тогаш Путин.

Според украинските власти и западните воени набљудувачи, градот не е целосно под руска контрола.

На 27 август, генералот ја доби почесната титула „Херој на Русија“.

Иако точните околности за смртта на Гринус не се познати, извори од Москва и Киев укажуваат на силни украински напади врз руските позиции во окупираните области Луганск и Доњецк за време на викендот.

Според официјалните податоци, од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, загинаа речиси 20 руски генерали.

Според непотврдени извештаи, еден генерал-полковник загина кон крајот на август кога во напад било погодено командно место во Доњецк.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Американците потврдија дека имаат оружје во вселената: „Одговор на Русија и Кина“

(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

А1он

Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во рускиот неделник „Литературнаја газета“

А1он

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“