ВИДЕО: Украинците го нападнаа Сочи

Од:

Украинските сили во текот на ноќта го нападнаа рускиот град Сочи, при што во повеќе делови од градот биле регистрирани експлозии и пожари, пренесува „Киев Индипендент“.

Украинските информативни канали „Exilenova+“ и „Supernova+“ објавија дека станува збор за голем напад со дронови врз цели во популарното црноморско летувалиште.

Снимките објавени од жители прикажуваат експлозии на ноќното небо и најмалку еден поголем пожар. Градоначалникот на Сочи, Анатолиј Пахомов, потврдил дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни.

Ноќешниот напад е последен во серијата украински удари врз областа на Сочи.

На 10 септември, украински поморски дрон ја оштетил градската шеталишна зона, додека на 4 септември биле погодени руски воен брод и складиште за нафта.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави засилување на нападите со дронови врз цели во Русија. На 1 септември тој ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и странските влади дека рускиот воздушен простор поради украинските беспилотни летала ќе биде „де факто затворен“.

Сочи се наоѓа во Краснодарскиот крај, на околу 650 до 700 километри од територијата под украинска контрола. Градот беше домаќин на Зимските олимписки игри во 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп бара од Зеленски да прекине со нападите на руските рафинерии

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Путин го одби Зеленски

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ