Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

Од:

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, 18 литри дожд на квадратен метар, по што следуваат Кавадарци – 17, Маврови Анови – 11, Берово и Пожаране – 10, Тетово – 8 и Ѓуриште – 7 литри на м2,

Како што соопшти УХМР во Охрид, Скопје – Зајчев Рид и Претор наврнале шест литри на м2, Велес, Демир Капија и Струмица – 5, Попова Шапка – 4, Виница, Битола, Крива Паланка, Тополчани и Прилеп – 3, Скопје – Петровец и Крушево – 2 и еден литар на м2 во Куманово.

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Би можело да ве интересира

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сончево, со температура до 30 степени

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

За викендот дожд, ветер и заладување

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски