Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

Од:

„По објавената вест за апсењето на шоферот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, а поради барање мито за посредување при вработување, до #Левица пристигнаа информации од жители на Општина Аеродром за неговите синови, кои со години, според нивните наводи, го нарушуваат јавниот ред и мир и им се закануваат на околните жители. Жителите алармираат дека овие лица биле пријавувани во Полициската станица Аеродром, но пријавите останувале во фиока. Нашите информации говорат и за физички напади врз постари жители на населбата, што отвора сериозни прашања за тоа кој ги штити овие лица и зошто институциите не постапуваат“ соопштија попладнево од Левица.

Од партијата велат „Доколку овие наводи се точни, станува збор за скандалозно институционално молчење и уште еден пример за тоа како партиските врски се ставаат над безбедноста на граѓаните“.

„Бараме одговори од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за тоа зошто неговата полиција толерира лица за кои со години се пријавуваат закани и насилство? Колку пријави се поднесени против синовите на уапсениот шофер и што е преземено по нив? Кој во институциите им овозможувал да се чувствуваат недопирливи? Уште посериозни прашања отвора самото апсење на возачот на Јанушев. Кога некој зема пари за да посредува за вработување во државни органи, суштинското прашање не е само кој ги зел парите, туку со чие име, влијание или ветена интервенција тргувал? Затоа истрагата не смее да заврши на најниското скалило од хиерархијата. Мора да се утврди кому требало да му бидат предадени парите, кој можел да влијае врз постапката за вработување, дали имало претходни вакви случаи и дали осомничениот ја користел својата непосредна поврзаност со високи функционери како валута за тргување со работни места“.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Левица: Осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор, правдата бавно доаѓа

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Горан Наумовски