Килијан Мбапе имаше добра сезона, но сепак, Французинот смета дека е многу подобар отколку што реално покажа на теренот.
Темата за „Златната топка“ е многу актуелна, а во опширното интервју за францускиот весник „Л’Екип“, Мбапе даде неколку, благо кажано, интересни изјави, особено во врска со тоа кој треба да ја освои оваа награда.
Мбапе истакна дека има аргументи зошто токму тој треба да ја добие наградата:
– Имам аргументи да ја освојам, како на пример тоа што сум најдобар стрелец во историјата на светските првенства.
За него, индивидуалниот учинок е поважен од тимскиот:
– Имам чувство дека можам да ја освојам оваа година. Велат дека не сум освоил тимски трофеи, но ова е индивидуална награда. Никогаш не сум видел некој да биде избран едногласно за „Златната топка“, но јас имам свои аргументи. Јас сум најдобар стрелец во историјата на Светското првенство и кога ќе помислам дека на 27-годишна возраст сум играчот со најмногу постигнати голови на најголемиот турнир во овој спорт, надминувајќи дури и легенда како Меси, сметам дека тоа има тежина. „Златната топка“ никогаш не ја освојуваат обични играчи, туку само исклучителни поединци, како Меси или Кристијано. А мислам дека оваа година направив некои работи што се издвојуваат.
Веројатно со тешко срце, но Мбапе вели дека ги разбира и туѓите мислења:
– Можам да ги разберам луѓето што размислуваат поинаку. Не постои диктатура на мислењето. Но, кога ќе се анализира конкуренцијата, никој немаше подобра сезона од мене минатата година. Порано луѓето гласаа за најдобриот играч од најдобриот тим, а не нужно за најдобриот играч во светот.
