Џевер Имери, вработен во Царинската управа како помошник директор во Секторот за администрација, е уапсен откако побара мито од над 15 илјади евра поврзано со тендер во Царинската управа.
Според информациите, МВР преку Бирото за јавна безбедност обезбеди обележани парични средства кои му беа предадени на осомничениот.
По преземањето на парите, Имери не застана на полициските наредби и се даде во бегство.
По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатија и го лишија од слобода.
