Мицкоски со ветување: „За три години ќе живееме многу подобро од денес“

Од:

Денеска многу подобро се живее, од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес, ова е порака на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на прашањето дека опозицијата забележува оти растот на Бруто домашниот производ (БДП) е недоволен. Премиерот Мицкоски истакна дека понекогаш не сака да коментира она што го споменува опозицијата, бидејќи како што рече „тоа што го кажува е целосна невистина и неаргументирана изјава, се разбира“.

-​Во случајов можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-6 месеци, она кое што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денес оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес-изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски порача дека тоа е целта на Владата и се мотиварни да испорачуваат проекти, инвестиции, што граѓаните можат да ги видат, а кои што придонесува за подобар стандард и живот.

– Инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката која што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен, ​дека е сè идеално – не е. Дека има грешки – има, кој работи знае и понекогаш да да погреши, но дека е многу подобро од пред три години мора сите да се сложиме дека е- рече Мицкоси по отварањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ во ТИР зоната во Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра