За викендот дожд, ветер и заладување

Од:

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец со брзина од над 40 километри на час.

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски

Најмногу дожд наврна во Берово

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи