Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, се пласираше во полуфиналето на овогодинешното издание на УС Опен!
Во четвртфиналето, по три сета и драма во тај-брејкот, белоруската тенисерка беше подобра од шестата тенисерка во светот, Линда Носкова, со резултат 2:1 во сетови (7:6, 3:6, 7:6)!
Уште во првиот сет можеше да се насети дека нè очекува многу интересна борба, бидејќи видовме по еден изгубен сервис (брејк) на двете страни и тај-брејк, по кој Сабаленка поведе.
Носкова возврати во вториот сет; во шестиот гем таа направи брејк, што беше доволно за израмнување во сетови – 3:6.
А потоа, последниот, трет сет…
Сабаленка имаше негатива од еден брејк; се чинеше дека е во големи проблеми и блиску до елиминација, но тоа сепак не се случи.
Сабаленка успеа да го врати брејкот, а потоа и да го воведе мечот во нова драма и нов тај-брејк. Таму таа беше поконцентрирана, обезбеди пласман во полуфиналето и со тоа го зачува првото место, со оглед на тоа што во случај на пораз ќе ја изгубеше лидерската позиција на ВТА-листата.
Во полуфиналето, таа ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу Џесика Пегула и Ема Наваро.
