Вучиќ: Изборите во Србија ќе бидат на 25 октомври

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва објави дека изборите во Србија ќе се одржат на 25 октомври. Кампањата ќе трае 46 дена, а тој ги повика учесниците да се фокусираат на потребите на граѓаните и да избегнуваат насилство.

– Изборите во Србија ќе се одржат на 25 октомври. Кампањата ќе трае 46 дена. Ги повикувам сите учесници во изборната кампања да се обидат да допрат до луѓето, да ги согледаат нивните потреби и грижи, а не да се занимаваат сами со себе и да избегнуваат насилство. Знам дека некои повторно ќе ги блокираат факултетите, мојата молба е да не го прават тоа. Ако го сторат тоа, ќе си наштетат самите на себе, како и на граѓаните на Србија, на другите студенти, на професорите – всушност на сите останати – но тоа не е важно. Тие 45 дена ќе поминат, а граѓаните на Србија ќе имаат можност недвосмислено да ја изразат својата волја, дали сакаат промени и како, односно на каков начин ја гледаат својата иднина – рече Вучиќ.

Тој во тв гостување порача:

„Дали сакаат враќање во минатото или не; кои се главните теми; кои политички опции ќе успеат да погодат што ги интересира луѓето и граѓаните; и истовремено, кој ги има – би рекол – најдобрите луѓе што можат да ги претставуваат тие опции. Затоа, на сите им посакувам успешна и демократска трка. Верувам дека на крајот, по изборите, ќе излеземе од таа криза во која сите постојано тврдат дека се „многу посилни од другите“ и слично. За да се реши тоа, со задоволство ќе го прифатам секој демократски исход; сметам дека тоа е важно за земјата. Ќе им честитам на противниците ако победат; нема да се лутам ако тие не ми честитаат мене – навикнат сум на тоа – доколку исходот биде поинаков. Значи, на сите им посакувам успех“.

Би можело да ве интересира

Србија пред избори: Владата го усвои предлогот за распуштање на Собранието и му го достави на Вучиќ

A1on

Вучиќ по едногласниот избор за кандидат за премиер: „Огромна чест е што ја добив вашата доверба“

Горан Наумовски

Остра порака од Вучиќ: Марта Кос нема да ми држи лекции кој е воен злосторник и монструм“

А1он

Вонредни парламентарни избори во Србија на 25 октомври

Горан Наумовски

Вучиќ: Ќе продолжам да соборувам рекорди со појавувања на телевизија, тоа е работа на претседател

А1он

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on