Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

Од:

Локален командант на иранските паравоени сили „Басиџ“ е убиен во терористички напад во југоисточниот дел на земјата во вторникот, објавија државните медиуми.

Абдолрауф Ешаги, командант во областа Паруд во провинцијата Систан-Балучистан, „загина како маченик“, објави новинската агенција „Тасним“, без да наведе дополнителни детали за нападот.

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Иранските власти во понеделникот соопштија дека за време на операција против засолништата на милитантните групи што се противат на власта во оваа провинција, загинале три лица, а девет биле уапсени.

Систан-Балучистан, провинција што граничи со Пакистан и Авганистан, со децении е поприште на судири меѓу иранските безбедносни сили, бунтовниците и шверцерите на дрога.

Тоа е една од најсиромашните ирански провинции, каде што живее голема етничка заедница на Балучи.

Повеќето припадници на таа заедница се сунитски муслимани, додека мнозинството од населението во Иран го сочинуваат шиитски муслимани.

Би можело да ве интересира

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Галибаф: Правилата на играта се променети – Иран ќе возвраќа посилно

Горан Наумовски