Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска додели Орден „8 Септемви“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан и постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.
– Добитниците на орденот „8 Септември“ оставија дела што не се ограничени на еден жанр, на сцена, една книга, или едно време. Тие создаваа, истражуваа, преведуваа, играа, сликаа, но зад сите тие различни облици на творештво останува нешто заедничко: трага не исчезнува со завршувањето на едно дело, туку продолжува да живее преку оние што го читаат, гледаат, изучуваат и паметат – порача претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата во Вила Водно.
Во говорот претседателката истакна дека 8 Септември не е само историски датум ниту минато свршено време, туку наша трајна обврска којашто секоја генерација ја презема со задача да ја чува, да ја гради, да ја направи подобра државата што ја наследила. А државата, потемцираше, не е само збир на институции, туку извира и им припаѓа на граѓаните.
