Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

Од:

„На ДПМНЕ очигледно му е полесно да престане да ја објавува статистиката отколку да објасни зошто Македонија за едно лето стигна до седум починати од западнонилска треска. Додека бројот на жртви продолжува да расте, 19 пациенти сè уште се хоспитализирани, а се појавуваат и нови случаи, последниот официјален неделен извештај на ИЈЗ и понатаму содржи податоци заклучно со 25 август – кога официјално беа регистрирани „само“ пет починати“ реагираат од партијата Левица.

Велат „и тука доаѓаме до Марија Андоновска. Во ваква состојба, кога Македонија за едно лето стигна до седум починати, директорката на Институтот за јавно здравје треба да биде првата што ќе внимава секој податок да биде навреме обработен, секој рок испочитуван и јавноста редовно информирана. Наместо тоа, неделниот извештај на ИЈЗ го НЕМА. Самиот Институт во сопствениот извештај наведува дека неделно изработува епидемиолошки извештај кој се објавува на неговата веб-страница. Значи, или Андоновска спие на функцијата додека роковите поминуваат и седуммина граѓани умираат, или податоците намерно се задржуваат од јавноста. Трето објаснување за тоа зошто ИЈЗ во екот на ваква епидемија престана да го објавува сопствениот неделен извештај – нема“.

„Наместо редовен официјален пресек од институцијата која е задолжена да ја следи епидемијата, треба едноставно да му веруваме на Сашо Клековски кога ќе одлучи да излезе пред камери и да ни соопшти дека бројот на хоспитализирани е 19. Во земја во која седуммина веќе починаа, епидемиолошкиот надзор очигледно се сведе на тоа доктор без лекарски стаж од време на време да ни каже по некоја бројка. Во исто време, додека ИЈЗ го крие новиот целосен пресек за заболените луѓе, државата продолжува да добива нови сигнали дека вирусот активно циркулира. За само неколку дена биле пријавени повеќе од 130 угинати птици, а кај три угинати гаврани бил потврден вирусот на западнонилска треска – два во Скопје и еден во Ресен. Тоа е уште една потврда дека вирусот не исчезнува затоа што ДПМНЕ престанало да објавува неделни извештаи“ велат од Левица.

Од партијата со став „Уште од почетокот предупредувавме дека не е доволно државата да чека граѓани да завршат со енцефалитис или менингитис за да сфати дека има проблем. Со години борбата против комарците во Македонија се сведува на повремено прскање, додека никој суштински не се занимава со тоа каде се размножуваат, како се контролира нивната бројност и дали воопшто навремено се отстрануваат жариштата кои ги создаваат. ДПМНЕ не ја преспа само контролата на вирусот – ја преспа и најосновната превенција на терен. Каналите, запуштените водотеци и другите потенцијални жаришта за размножување на комарци не се појавија заедно со првиот заболен. Тие беа таму цела пролет и цело лето, додека институциите чекаа болниците да им кажат дека има проблем. А кога епидемијата веќе избувна, ДПМНЕ ни нуди прскања без објавени резултати за нивната ефикасност и лекции за тоа што да прават граѓаните со нивните вазни на гробишта“.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

По 38 дена во болница, почина пациент од западнонилска треска: седми случај во државата

A1on

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“