Нови 49 возила за собирање смет – донација од Министерството за транспорт и Светска банка

Од:

Со донација од Министерството за транспорт и Светска банка во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени се 49 специјализирани возила и механизација за одржување на комуналната хигиена, објави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Опремата е наменета за општините и планските региони, со цел подобро и навремено одржување на јавните површини и комуналната инфраструктура.

Возилата ќе се користат во Скопје и Скопскиот плански регион, Куманово и Североисточниот плански регион, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

„Оваа современа механизација значително ќе ги зајакне капацитетите за одржување на јавната хигиена, ќе овозможи побрзо, поефикасно и поредовно собирање на отпадот и ќе придонесе за почисти улици и поздрава животна средина. Истовремено, Град Скопје со сопствени средства набавува дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, за кои постапката е во завршна фаза.Со обновена механизација, нова опрема и подобра организација, му ставаме крај на долгогодишниот проблем со сметот“, напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Николоски не очекува промената на власта во Србија да влијае на инфраструктурните проекти меѓу двете земји

Катерина Ѓуровски

Од 1 мај стартува авиолинијата Тиват – Скопје

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Николоски: Не може превозниците да бројат денови, часови и минути поминати во камионот, проблемот мора да се реши

Катерина Ѓуровски

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски