Официјално означен почетокот на Градскиот воз од Зелениково кон Скопје

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје.

Симболичното патување е по повод официјалната промоција на проектот „Градски воз“ на првата од трите предвидени линии со која се сообраќа од Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче и Нова железничка станица Скопје.

Проектот „Градски воз” е идеја на оваа Влада со цел граѓаните на Скопје како од приградските места, така и од централниот дел да добијат побрз, поефикасен и подостапен јавен градски превоз. Целта е периферните делови на Скопје да се поврзат со централното подрачје на градот, што ќе значи поевтино патување, пократко патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.

„Железници Инфраструктура“ за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.

Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење од страна на МЖ „Транспорт“.

Во тек се работи и на проектирање на втората и третата линија од „Градски воз“, едната од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје-Север до Ѓорче Петров и другата од Нова железничка станица преку Автокоманда- Маџари до Илинден.

Би можело да ве интересира

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближи кон куќите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Почеток на изградбата на градски воз, железницата на пат кон развој

Прилепчанец е повреден во сообраќајка близу Драчево

(ВИДЕО) Гиевски: Градоначалникот на Зелениково ме избрка од работа бидејќи ќе пречев во извршување на планот со хациендите

Ана Ололовска