Пет активни пожари низ државата

Од:

Пет пожари се активни од регистрираните 22 на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, гори ниска вегетација, а шума во општина Струга на територија на селата Пискупштина, Луково и Буринец. Нискостеблеста шума и ниска вегетација се зафатени со пожар во општина Сарај во регионот на селата Копаница и Радуша. Ниска вегетација гори во Долно Арнакија, општина Сарај. Ниска шума е опожарена во село Гошинце, општина Липково.

Од пожарите под контрола, три се на територија на општина Македонски Брод. Нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат се опожарени во подрачјето на селата Битово, Заград и Страјане. Ниска вегетација и шума се опожарени во село Драгов Дол. Во село Белица, исто така, опожарени се ниска вегетација и шума. Четвртиот пожар под контрола е на територија на општина Зелениково, над селото Палиград опожарена е мешана шума. Градската депонија „Острец“ е опожарена во општина Делчево.

Од изгаснатите пожари, два се на територија на општина Прилеп. Останатите се во регионот на општините Боговиње, Валандово, Велес, Виница, Гостивар, Долнени, Липково, Ново Село, Ранковце, Сарај.

Би можело да ве интересира

Мајка му уплатила 400.000 евра за станови – судење на Ѓоко Ристов

Предраг Петровиќ

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Ангелов: Голем пожар во атарот на селата Локов и Буринец, драматично e и во Боговиње

Горан Наумовски

Активни се два пожара на отворен простор, четири се ставени под контрола

Денеска активни се девет пожари, а три се под контрола