Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Од:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла обидите на градоначалникот Горан Герасимовски да ги дискредитира советниците само затоа што не гласаат според неговите очекувања.

Откако советниците на ЗНАМ гласаа против суспензијата на дел од ДУП „Буњаковец 1“, Герасимовски јавно праша „чиј интерес се штити – на граѓаните или на инвеститорот?“, реагираат од ЗНАМ.

Советниците на ЗНАМ го штитат интересот на центарци, а тоа значи и да не дозволат граѓаните повторно да плаќаат за правно неиздржани одлуки. Општина Центар досега има исплатено повеќе од 140 милиони денари по основ на отштети.

И кога се повикува на безбедност, герасимовски треба да ги презентира сите факти.

Како ризик се посочува резервоарот за мазут од 115 м³ кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Според документацијата со која располагаме, тој не е во функција од 2024 година, испразнет е, исчистен и хемиски третиран, а домот со реконструкцијата ќе биде приклучен на системот за снабдување со топлинска енергија.

Ако градоначалникот има стручен наод дека резервоарот и денес претставува опасност – нека го објави.

А кога зборува за безбедноста околу градилиштата, прашуваме: Дали истиот аршин важи за сите?

Токму тука се гледаат двојните стандарди на Горан „бетоњерка“ Герасимовски. Во неговиот мандат Центар продолжува да се бетонизира, се издадени троцифрен број одобренија за градење, а денес со голема доза театралност се претставува како главен борец против бетонизацијата.

Истовремено, го турка ДУП „Барутана“, со кој се предвидува сериозна изградба на падините на Водно. Советниците на ЗНАМ гласаа против „Барутана“.

Затоа, градоначалниче, наместо отворање шахти пред камери и снимање кратки видеа, прошетајте низ центар и проверете ја безбедноста на активните градилишта. Помалку театар, повеќе работа.

А кога веќе прашувате „чиј интерес се штити“, одговорете и вие:

Чиј интерес го штитите со „барутана“?

Советот не е гласачка машинерија на градоначалникот. Советниците на ЗНАМ ќе продолжат да одлучуваат во интерес на центарци – без притисоци и без двојни аршини, наведуваат од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Фатон Азизи кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Изгоре автобус на ЈСП на Водно

Предраг Петровиќ

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Пожарот во Националниот парк „Пелистер“ локализиран, противпожарни единици цела ноќ на терен