Француската екстремна десница сака да воведе казна за носење на хиџаб

Од:

Француската екстремно десничарска партија „Национален собир“ сака да воведе казна за носење на муслиманската марама доколку победи на изборите, објави денеска францускиот онлајн медиум BFMTV.

„Очигледно, ќе се бориме против исламистичката идеологија и ќе го казнуваме носењето на превезот, исто така во знак на солидарност со сите жени ширум светот кои се принудени да го носат и кои умираат за таа слобода“, изјави пратеникот на партијата, Жан-Филип Танги.

Забраната за носење хиџаб и бурка на јавни места веќе беше дел од кампањата на лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, за време на нејзините први три претседателски кампањи.

Сепак, мерката беше отфрлена во внатрешните партиски дискусии во периодот кога претседателот на партијата, Жордан Бардела, се разгледуваше како можен претседателски кандидат наместо Ле Пен.

„Одлучено е да се поддржи таква забрана“, рече Танги, тврдејќи дека овој предлог „е поддржан од 60 до 70 отсто од Французите и Французинките кои разбираат дека зад овој симбол не стои само слободата на облекување, туку и идеологија што е спротивна на она за што Франција се залага со години“.

Според тоа, доколку „Националниот собир“ победи на изборите следната година, жените што носат превез ќе бидат казнувани исто како и луѓето што не носат сигурносен појас во возило, додаде Танги.

Претседателските избори во Франција традиционално ќе се одржат во два круга, на 18 април и на 2 мај 2027 година.

Би можело да ве интересира

Пожарите сe оружје на Марин Ле Пен: Крајната десница го напаѓа Макрон

Мнозинството Французи се против кандидатурата на Марин Ле Пен

Марин Ле Пен: „Вечерва сум кандидат на претседателските избори“

Потврдена пресудата за Марин Ле Пен

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Анкета: Најблискиот соработник на Ле Пен би победил на претседателските избори