(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

Од:

Шестчлена криминална група изврши грабеж како од филм на еден автопат во Египет, кога со зелен пикап стигнаа до камион што превезуваше замрзнато пилешко месо и, возејќи со полна брзина, украдоа дел од товарот.

Грабежот беше снимен од еден мотоциклист, а снимката се појави на интернет и привлече внимание ширум светот.

Медиумите известуваат дека грабежот се случи на 25 август на пустински пат меѓу Каиро и Исмаилија.

Според информациите од египетското Министерство за внатрешни работи, пренесени од Arab Times Online, осомничените го следеа камионот-ладилник што превезуваше замрзната храна.

Тие успеаја да му се приближат со полна брзина, а потоа изведоа опасен маневар – ја отворија задната врата на камионот додека се наоѓаа на хаубата на пикапот и почнаа да ги вадат кутиите!

Потоа побегнаа, но полицијата ги идентификуваше и ги лоцираше во нивните скривалишта во Каиро и во провинцијата Калубија.

Кога безбедносните сили почнаа да ги апсат осомничените, тие наводно отворија оган. Настана престрелка во која тројца од нив се убиени, а тројца уапсени, пренесува „Араб тајмс онлајн“.

Подоцна, полицијата наводно ги пронајде зелениот пикап, како и две автоматски пушки, сачмарка и украденото пилешко месо.

Тројцата уапсени се предадени на јавното обвинителство и против нив се поднесени обвиненија за вооружен грабеж, незаконско поседување оружје и пукање врз припадници на безбедносните сили.

Би можело да ве интересира

Напад во Египет: Дрон удри во американски танкер за гас во пристаништето Дамиета

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски