Венус Вилијамс елиминирана на стартот, Свитолина со убедлива победа на УС Опен

Од:

Украинската тенисерка Елина Свитолина се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на САД во Њујорк, победувајќи ја Аргентинката Солана Сиера со 6-1, 6-2.

Деветтата тенисерка во светот стигна до победата против 91-рангираната тенисерка за само 52 минути, со два брејка во секој сет. Свитолина сега има скор од 9-2 во последните 11 првични натпревари на Гренд слем турнирите, а нејзините 117 победи на големи турнири се најмногу од страна на украинска тенисерка во Отворената ера. Таа е исто така единствената Украинка со повеќе од 100 победи на Гренд слем турнирите во тој период.

Свитолина ќе игра против победничката од натпреварот Маја Џојнт – Људмила Самсонова во второто коло на Отвореното првенство на САД.

Американската тенисерка Софија Кенин ја победи сонародничката Венус Вилијамс со 6-2, 7-6 во првото коло на Отвореното првенство на САД по еден час и 49 минути игра. Нејзин ривал во следната рунда ќе биде друга домашна тенисерка, трета на ВТА листата, Џесика Пегула.

Британката Кејти Болтер исто така се пласираше во второто коло, победувајќи ја Американката Керол Јан-Су Ли со 6-4, 3-6, 6-0. Таа потоа ќе игра против победничката од дуелот Сиња Краус – Каролина Мучова.

Австралијката Тејла Пресон исто така се пласираше откако ја елиминираше домашната тенисерка Алиша Паркс со 6-3, 6-3. Нејзин ривал во второто коло ќе биде или Маја Хвалински или Тејлор Таунсенд.

Во машката конкуренција пак, Британецот Тоби Самуел обезбеди место во второто коло откако го победи Чехот Томаш Махач со 6-2, 6-3, 6-2. Негов следен противник ќе биде уште еден Чех, Јиржи Лехечак.

Казахстанецот Александар Бублик го победи Американецот Џефри Џон Волф со 6-4, 6-2, 3-6, 6-1 на почетокот од последниот Гренд Слем турнир во сезоната. Бублик ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Тијаго Агустин Тиранте и Адриан Манарино во второто коло.

Португалецот Хаиме Фарија и Аргентинецот Томас Мартин Ечевери исто така ја поминаа првата пречка.

Би можело да ве интересира

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Шокантен пораз на Зверев

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Алкарас го закажа првиот спектакл со Синер

Шок во Минхен: Украинец го елиминираше Џумхур

Даниловиќ ја елиминираше Венус Вилијамс во првото коло на Австралија опен