Голем пожар над Дебар изгаснат пред полноќ, пожарникарите се сомневаат дека е подметнат

Од:

Големиот пожар што вчера попладне избувна над Дебар, во близина на селото Татар Елевци, е изгаснат пред полноќ по повеќечасовна интервенција на пожарникарите.

Огнот зафати тешко пристапен терен под селото, каде што гореа нискостеблеста и дабова шума, како и сува трева. Пожарникарите со часови се бореа со пламените јазици за да спречат огнот да се прошири на поголема површина.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Дебар, Џетан Мифтароски, изјави дека пожарот е изгаснат со големи напори, а постојат сериозни сомневања дека бил намерно предизвикан.

Поради високите температури и опасноста од нови пожари, пожарникарите повторно апелираат на максимална внимателност при престој и работа на отворен простор.

Посебен апел е упатен до земјоделците и сточарите да не преземаат активности со кои може да се предизвика пожар, бидејќи сувата вегетација и високите температури создаваат услови за брзо ширење на огнот.

Во сила останува и целосната забрана за движење во шумите, која е продолжена до 30 септември.

Дебарската противпожарна единица има 14 пожарникари и покрива големо подрачје, кое ги опфаќа Дебар, Центар Жупа и регионот на Река во општина Маврово и Ростуше. По потреба, пожарникарите помагаат и во пограничните населени места во областа на Пешкопеја во Албанија.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Пожарот во Националниот парк „Пелистер“ локализиран, противпожарни единици цела ноќ на терен

Топло и денеска и следната недела

Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски

Денеска активни се осум пожари