Хакери го уценуваат Берлин: Бараат 30 биткоини за украдените државни податоци

Од:

Хакерската група „Раисида“ тврди дека украла 5,79 терабајти податоци за време на кибернапад врз администрацијата во Берлин и сега ги нуди на аукција, додека градските власти изјавија дека нема да платат откуп.

Според хакерите, украдениот материјал вклучува околу 46.500 договори, како и е-пошта, телефонски броеви, лозинки и доверливи информации. Почетната цена за податоците е поставена на 30 биткоини.

Градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер, и сенаторката за внатрешни работи Ирис Шпрангер изјавија дека градот нема да подлегне на изнуда. Во исто време, берлинските власти ја продолжуваат истрагата за да го утврдат точниот обем и содржина на податоците што можеби се отстранети од системот.

Особено се нагласува дека изборната инфраструктура не е во опасност и дека, според информациите што ги дале безбедносните служби досега, податоците поврзани со изборите не се компромитирани. Покраинските власти изјавија дека во истрагата учествувале полиција, обвинители и федерални безбедносни агенции.

Групата „Раисида“, активна од 2023 година, претходно беше поврзана со напади врз владини институции и други организации низ целиот свет.

Сепак, експертите за безбедност предупредуваат дека тврдењата на хакерската група за количината и содржината на украдените податоци треба да се земат со резерва сè додека не бидат независно потврдени.

Би можело да ве интересира

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата

Затворен аеродромот во Нирнберг поради вонредна ситуација во авион

Катерина Ѓуровски