Зеленски призна: Складиште со муниција било во близина на станбените објекти

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека складиште со муниција во селото Мила, во близина на Киев, кое беше погодено во руски напад, се наоѓало во близина на станбени објекти.

„Во селото Мила беше извршен напад врз складиште, по што следуваше детонација“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Тој наведе дека во експлозијата биле оштетени објекти во околината, меѓу кои и станбени згради. Според него, започната е истрага за одговорноста за складирање муниција во близина на населено подрачје.

Во нападот, според последниот биланс на украинските власти, загинале најмалку 37 лица, а 42 се повредени, меѓу кои и четири деца. Од погоденото подрачје биле евакуирани 381 лице, од кои 59 деца, додека оштетени биле околу 50 станбени објекти.

Спасувачките и противпожарните екипи и натаму работат на местото на нападот. Се отстрануваат урнати конструкции, се гаснат пожари и продолжува потрагата по евентуални преживеани.

Зеленски истакна дека истрагата треба да утврди како и зошто муницијата била складирана во близина на населено место, имајќи ги предвид последиците од нападот и последователната детонација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија

Трамп се брани по договорот со Путин: „Донесов правилна одлука за Американците“