Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

Од:

Во текот на изминатото деноноќие полицијата уапси 16 возачи поради безобѕирно управување возило, од кои девет возеa без положен возачки испит.

Четворица од нив се запрени во Скопје, а останатите во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње.

МВР соопшти дека во истиот период биле уапсени и четири лица кои возеле под дејство на алкохол. Тие биле затекнати во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци.

Полицијата приведе и двајца возачи кои управуваа возило и покрај изречена забрана за управување со моторно возило.

Едниот е од Македонски Брод, а другиот од Велес.

Меѓу приведените е и државјанин на Шведска, кој на автопатот А1 возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба