Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во охридското село Елшани.
Од СВР Охрид информираат дека на 27 август во 14:40 часот било пријавено дека Н.К. (48) од селото Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување на работните задачи паднал од бандера.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот.
Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
