Беспилотни летала утрово ја нападнаа Москва и Јарославската област во Русија. Руските власти соопштија дека дејствувала противвоздушната одбрана, а поради нападот е затворен дел од автопатот М8 во Јарославската област. Во близина на Павловски Посад, во Московската област, бил забележан црн чад, објави „Правда“.
Гувернерот на Јарославската област, Михаил Евраев, извести за „опасност од дронови“ и потврди дека војската и безбедносните служби работат на одбивање на нападот.
The Ukrainian Defense Forces struck the Yaroslavl Oil Refinery, causing a massive fire at the facility. pic.twitter.com/orPcOFpgUP
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) August 28, 2026
„Единиците на Министерството за одбрана и безбедносните агенции работат на одбивање на нападот“, порача Евраев.
Поради ситуацијата, за сообраќај е затворен дел од автопатот М8 во правец кон Москва. Некои линии на јавниот превоз во Јарослав се пренасочени или сообраќаат по скратени траси.
Евраев додаде дека меѓуградските автобуси кои ја користат затворената делница привремено не сообраќаат.
Засега не е прецизирано кои објекти биле цел на нападот. Рускиот медиум „Астра“ објави дека на социјалните мрежи се појавиле фотографии на кои, наводно, се гледаат искршени прозорци на неколку згради.
Дронови ја нападнаа и Москва, како и Московската област.
Ukrainian strike drones are at work in the Yaroslavl region. pic.twitter.com/CSb4lPVBfb
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) August 28, 2026
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, тврди дека руската противвоздушна одбрана соборила два беспилотни летала кои се движеле кон главниот град.
„Системот на противвоздушната одбрана на Министерството за одбрана уништи два беспилотни летала кои летале кон Москва. Итните служби се на терен, на местото каде што паднале остатоците“, изјави Собјанин.
„Астра“ објави дека по нападот над Павловски Посад во Московската област се појавил црн чад, чија причина засега не е позната.
Воздушна опасност била прогласена и во Владимирската и Ивановската област, како и во југоисточниот дел на Московската област
