Клековски: Мртвиот гавран од Ресен беше заразен со западнонилска треска

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство утрово потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај Општината. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за медиумите.

– Зошто е ова значајно? Многу видови птици се засегнати од вирусот. Гавранот е една од птиците која е засегната и може да пцовиса од вирусот. И важно е затоа што гавранот е, генерално, стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето мртов гавран може да укаже на локална циркулација на вирусот на западнонилската треска. Ние веднаш го известивме Центарот за јавно здравје – Битола и градоначалникот на општина Ресен да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да пристапат кон прскање по индикации – рече министерот.

Тој информира дека уште две птици од Скопје се во моментот во фаза на тестирање.

– Би сакал да апелирам до граѓаните да не даваат лажни пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство, капацитетите се ограничени и би замолил граѓаните да се фокусираат на вистински пријави. Фокусот да биде на гаврани поради нивната стационарност и можеме да ја употребиме за моментно лоцирање нови ризични подрачја. Во моментот ќе издадеме мерки за претпазливост во општина Ресен, и кон матичните лекари и кон општината во врска со мерките што треба да бидат преземени. Ќе следиме понатаму како се развива ситуацијата и соодветно ќе реагираме – појасни министерот.

На новинарско прашање во однос на случај со жена со инвалидска количка, Клековски одговори дека стручниот надзор е завршен и оти би сакал лично да ја посети пациентката во текот на следната недела, за да побара дозвола од неа за соопштување делови од стручниот надзор, оти, вели, сепак се работи за лични податоци.

На новинарско прашање, директорот на Клиниката за инфективни болести, Цана одговори дека „со оглед на тоа дека според сите светски статистики и упатства што се дадени, смртноста кај овие пациенти се зголемува како што е и возраста понапредната. – За тоа што имаме тешки случаи, тоа не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на тие проценти кои се научно веќе потврдени, кажа директорот на Инфективна, д-р Цана.

Би можело да ве интересира

Клековски: 21 лице е на лекување од западнонилска треска, се чекаат резултати за уште тројца

Горан Наумовски

Клековски: Потврдени се 44 случаи на западнонилска треска

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Клековски: Почна да работи ПЕТ-скенот

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски