Левица со жестоки критики: Мицкоски ја вплеткува Македонија во туѓи воени авантури

Од:

Мицкоски во интервју за американскиот крајно десничарски весник „Брајтберт њуз“ (зашто во друг медиум не му даваат простор) во кусоглед и арогантен манир се пофали пред светската јавност дека е горд послушник на Доналд Трамп и екстремнодесничарската администрација на Белата Куќа. Во манир на послушен вазал, а под превезот на стратешко партнерство со САД, ја понуди Македонија за целосна експлоатација во енергетиката, рударството и високата технологија и призна дека македонската влада води политика целосно усогласена со бесправниот агресорски и неоколонијалистички пристап на Трамп околу Куба, Венецуела и Иран, велат од Левица.

– Мицкоски нагласи дека Војската на САД го користи македонскиот воздушен простор и аеродромите за воени цели во Персискиот Залив. Инаку, фалбаџијата Мицкоски воопшто не зема предвид дека се работи за ПРЕКРШУВАЊЕ на меѓународното право и дека со такви несериозни одлуки ја вплеткува Македонија во глобална војна без согледиви последици.

Очигледно е дека на лидерот на ДПМНЕ, интересот на македонскиот народ му е небитен пред мултимилионските бизниси во полза на американски групации и дека е спремен во таа полза да ја загрози безбедноста на македонската држава и граѓани кои ги прави соучесници во неговите политички авантури.

Му порачуваме на премиерот ДА ПРЕСТАНЕ со политиката на беспоговорна поддршка на било која голема сила при што земјава се претвора во инстурмент за остварување на туѓи интереси и да се осврне на почитување на меѓународното право бидејќи несериозното делување на светската сцена може Македонија скапо да ја чини, не само од аспект на меѓународниот углед, туку и општата безбедност!

Се работи за вмешување во огромен судир со несогледиви последици, а од кој нашата држава и граѓани немаат никаков интерес. Треба да се следи курсот на прагма во меѓународната политика, но и на почитувањето на меѓународното право и општо-цивилизациските вредности кои ги одликуваат мирољубивоста и солидарност.

Левица секогаш ќе се залага и ќе води независна меѓународна политика со интересот на македонската држава и граѓани на прво место, но ќе ги почитува и правата на другите народи да живеат во мир и просперитет, најгласија од партијта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна