(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

Од:

Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски. Апелација има само неколку дена да одлучи, до 31 август и затоа треба веднаш да постапи по жалбите на Обвинителството, вели Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

– Партизираното судство под контрола на Мицкоски го ослободи Никола Груевски со првостепената одлука и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ОКГ. Претходно предметот „Талир 2“ беше одземен од поранешниот обвинител како класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите. Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски.

Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон. Резултатот од таквото партизирано правосудство ослободителна пресуда за менторот на Мицкоски – Никола Груевски и спас на криминално стекнатиот имот на ВМРО. Мицкоски го спаси Груевски, се уште не распишува ниту потерница по него. Сега Апелацискиот суд има шанса да ја поправи грешката и да создаде нова шанса за правда. Судството мора да им служи на граѓаните, а не за спас на криминалот на власта, вели Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка