Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

Од:

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повика на „национална мобилизација“ против, како што вели, плановите на Владата за изградба на дата-центри, предупредувајќи дека тоа може да ја загрози достапноста на водата и електричната енергија за граѓаните.

Филипче обвини дека Владата на Христијан Мицкоски „по секоја цена сака да ја жртвува и водата и струјата за профити“, посочувајќи го случајот во Пехчево, каде што, според него, денеска било предложено да се изгради дата-центар.

„Работат под радарот, како што кажаа и јавно. Под притисок на СДСМ, советниците на СДСМ и јавноста, точката се повлече од дневен ред. Но тоа не значи дека власта се откажала од идејата“, рече Филипче.

Тој ги повика советниците во општинските совети ширум државата да се спротивстават на изградбата на дата-центри доколку, како што тврди, тие ги ставаат ресурсите на граѓаните под ризик.

„На крајот кој ќе ја плати таа струја? Граѓаните преку повисоки сметки. Кој ќе нема вода? Граѓаните. Каде ќе оди затоплената вода? Никој не кажува“, изјави лидерот на СДСМ.

Филипче оцени дека СДСМ е првата партија која јасно се спротивставила на, како што рече, ставањето на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик поради бизнис интереси.

„Грабежот мора да се прекине додека не е доцна, да се спаси водата и струјата“, порача тој.

Тој ги повика и граѓаните да се приклучат на, како што го нарече, „граѓански отпор“ и порача дека „ако денес не го направиме тоа, утре ќе биде доцна“.

„Ги повикувам и сите граѓани. Мораме да ги запреме дата-центрите“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора