Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

Од:

„Силен пожар се приближува од Република Србија кон Република Македонија, поточно од правецот на српското село Трнава накај селото Стража во општина Липково над граничниот премин Табановце“ напиша на Фејсбук заменик директорот на „Македонски шуми“ – Кире Михаилов.

Тој вели дека „густиот чад од овој пожар ги има обвиткано буквално целата општина Липково и дел од општина Арачиново, а се чувствува и во Куманово“.

„Да се надеваме дека соседите или временските услови ќе го средат пожарот пред да стигне кај нас во Македонија затоа што се работи за многу лош пожар со огромен интензитет“ напиша Михаилов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он