Панамскиот канал ќе го намали бројот на бродови што минуваат низ него почнувајќи од следниот месец поради сушата предизвикана од феноменот Ел Нињо, кој ги зголемува температурите во Тихиот Океан и предизвикува климатски промени, соопшти Управата за Панамски канал.
Од 3 септември, бројот на бродови на кои им е дозволено да минуваат низ Панамскиот канал секој ден ќе се намали од 36 на 34, поради ниските нивоа на водата во двете вештачки езера што го хранат каналот, кој ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан, објавува Гардијан.
Од 15 септември, бројот на бродови на кои им е дозволено да минуваат низ него дневно ќе се намали на 32.
