ВИДЕО: Што се случува кога Ел Нињо ќе се сретне со климатските промени

Од:

Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи би можеле да бидат предизвикани од екстремните горештини поврзани со актуелниот феномен „Ел Нињо“ во следните шест месеци, проценуваат климатски научници, објави „Гардијан“.

Проценката се однесува на периодот од септември 2026 до февруари 2027 година и претставува научна проекција, а не конечна бројка на жртви. Истражувачите ги комбинирале податоците за температурите и смртноста од 24.378 региони со прогнозите за влијанието на Ел Нињо.

Најпогодени би можеле да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека за САД се предвидуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи.

Актуелниот Ел Нињо веќе ги надминал досега забележаните температурни нивоа за овој феномен, а научниците го опишуваат како исклучително силен. Природниот климатски феномен дополнително може да биде засилен од глобалното затоплување.

Покрај екстремните горештини, се очекуваат и суши, шумски пожари и поплави, а Светската програма за храна предупреди и на можни последици врз производството и цените на храната.

Научниците нагласуваат дека подобрите системи за предупредување од топлотни бранови, центрите за разладување и дополнителните медицински капацитети можат да помогнат во намалувањето на бројот на жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматични предвидувања: Стигнува најсилниот Ел Нињо во последните 1000 години

Катерина Ѓуровски

Ел Нињо предизвикува суша, Панамскиот канал го намалува бројот на бродски премини

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјата

ВИДЕО: Почнува силен Ел Нињо, метеоролозите предупредуваат на бран екстремни временски услови

ВИДЕО: Ел Нињо се враќа, времето ќе биде екстремно низ целиот свет