Денеска сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време.

Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.

Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево време со умерена локална облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Голема топлотна купола доаѓа над Европа, топло и на Балканот

Катерина Ѓуровски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд