Градежни работници кои се ангажирани за обнова на игралиштетото во скопското училиште „Ленин“, уште рано по сабајле, од 5.30 со тешка механизација ги будат станарите на околните згради. Жителка на Центар, јавно го „таргетираше“ градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски со порака: „Џони, уше еднаш вака да се заебат да лупаат у 5.30 сабајле у школски двор, доаѓам пред твој прозор со тенџере за ајвар и метална лажица, да видиш како се стануе у 4 сабајле. Ајвани!
На снимката може да се слушне како револтирана жителка на Центар која е разбудена од буката во 5 наутро оди до работник и му вика да престане со работа и да се врати од 8 наутро кога е и работно време., прашувајќи го „дали е нормален“
Центар последниве месеци е изложен на невидено малтретирање од секакви градежни зафати. Се работи нон-стоп, навечер, наутро, за викенд и празници, се работеше и за Илинден уште во 7 часот наутро, со камиони во Буњаковец се уриваа куќи и се носеше шут. Зградите и профитот се на прво место.
