Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Од:

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност.

Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени.

Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе се задржи претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец.

Би можело да ве интересира

Клима на 25 степени и ролетни долу: препораки за преживување на жешкиот бран

Пеколни 40 степени, топло ќе биде и ноќе

Катерина Ѓуровски

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски

Европа под удар на екстремен топлотен бран: Во Италија измерени 42,8 степени, Унгарија гаси светла за да штеди струја

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Речиси 13.000 починати поради жештините во Германија и Велика Британија